EV
Renault подготвува електричен Megane
Веќе се изработени 30 прототипови кои ќе послужат за понатамошни испитувања. MeganE во продажба се очекува пролетта 2022.
Поставен врз платформата CMF-EV која ја користи и импресивниот SUV, Nissan Ariya, сепак на нишан е земен фолксвагеновиот електричен компакт, ID.3.
Очигледно според него се избрани и перформансите.
За разлика од Ariya каде што за погон се користат два електромотори со системска силина од 302 КС, електричниот Megane ќе има еден мотор сместен напред, со максимални 214 КС.
Ако внимателно се споредат перформансите сите се за нијанса подобри од споменатиот германски ривал кој веќе на големо се испорачува.
Гледано од дизајнерски аспект (иако прототипот е маскиран) францускиот производител секогаш има што да каже, а поготово ваква прилика нема да пропушти.
Електричниот Megane ќе биде со поинакви пропорции од класичниот хечбек, но тој факт само им овозможува на дизајнерите додатни можности за стилизирање на возилото.
За очекување е со изминување на времето да биде обзнанет и обликот на внатрешноста, каде што секако ќе доминираат дигиталните инфо-системи.