EV
Renault планира да го врати именувањето од славните модели
Новите електрични модели на Renault наверојатно ќе бидат именувани според своите славни предци.
Според извори блиски до производителот планот ќе се заснова на неколку точки од кои можеби најважна е редукција модели чија продажба бавно расте.
Не помалку важен ќе биде и новиот визуелен идентитет како нa бреднот Renault така и на Dacia и Lada. И се рабира, новата стратегија треба да ја истакне силната посветеност на француската групација кон електрификацијата.
Токму на тоа поле, Лука де Мео ќе инсистира на повторно актуелизирање на славните модели од 70-тите и 80-тите години. Дали некој има дилеми дека еден од идните модели ќе го носи името на Renault 4? Секако дека и Renault 5 нема да биде заобиколен.
Добро е да се запомни оваа определба за да не помислиме дека некој ентузијаст дома си го преработил својот добро сочуван миленик во електрично возило.