Актуелен Миг
Renault – официјален партнер на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“
Францускиот производител Renault е светски партнер на кинематографијата повеќе од 120 години, а со огромно задоволство компанијата Аутомотив Груп, како генерален импортер на брендот во земјава, ја продолжува традицијата поддржувајќи го јубилејното издание на „Браќа Манаки“.
“Како компанија која е препознатлива по почитта кон филмската уметност и културата заедничката успешна приказна со Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“ и Аутомотив Груп трае со години.
За време на гламурозното отворање на фестивалот, автомобилска ѕвезда ќе биде моделот Renault CLIO и тоа од најновата петта генерација кој ексклузивно ќе биде претставен пред својата премиера во Македонија која е закажана за месец Октомври оваа година“ – изјави Симона Николовска, лице за односи со јавност во Аутомотив Груп.