EV
Renault најави електричен концепт
Со криптична фотографија на која едвај може да се погоди кое ќоше од автомобилот покажува, Renault најави електричен концепт.
Неговиот назив не е соопштен, но познато е дека се работи за кросовер кој ќе се преточи во сериски модел, базиран на CMF-EV платформата развиена за електрични возила.
Според некои поранешни најави, новиот електричен кросовер на Renault кој ќе се појави во текот на идната година ќе биде помал од Captur и ќе има до 600 km автономија.
Премиерата на концептот се очекува за време на претстојниот eWays настан на Renault кој ќе се одржи од 15 до 26 октомври.
Таму треба да биде претставена и сериската верзија на електричниот модел на Dacia, кој под називот Spring во форма на студија беше прикажан порано годинава.
И за него малку е кажано, но се знае дека е базиран на кинескиот Renault City K-ZE кој има автономија од 200 km.