EV
Renault го модицира своето лого
Најпрвин тоа го направи Volkswagen, потоа следеше Opel, а еве сега во симплификацијата на логото им се придружува и Renault.
Автомобилската револуција која е во тек, влијае на сите сегменти од настапот. Технолошкиот напредок се истакнува и со промена на досегашните логоа.
Поточно се работи за нивно дизајнерско поедноставување кое би требало да го симболизира преминот на повисоко ниво.
Новиот тренд го започна Volkswagen, го продолжи Opel, а од неодамна истото го стори и Peugeot. Играта сега ја прифати и Renault кој без никакви претходни најави го смени своето лого.
Додуша новиот „ишарет“ го видовме на концептот Renault 5, но веројатно поради мноштвото новитети малкумина реагираа на него. Во таа прилика ниту производителот не се потруди да го промовира ново лого, но сега доаѓаат потврди дека од идната година ќе започне да се појавува на сите сериски модели.
Логото претставува поедноставена верзија на логоата кои се користеа во периодот помеѓу 1972 и 1992 година, а преплетувањето на рабовите на дијамантот треба да го симболизира движењето кон напредокот.