Во светот
Renault ги пензионира Espace, Scenic, Talisman и Alpine
Очекуваната економска криза која доаѓа како последица од пандемијата на COVID-19 веќе силно тропа на вратите на автомобилските производители.
Интензивните економски гранки како што бездруго е производството на автомобили, се посебно погодени. Таму застојот се мери во бројки зад кои се редат многу нули.
Во Renault од идниот месец на позицијата бр.1 стапува Лука де Мео (Luca de Meo) кој ќе биде пречекан со одлука за отпуштање на околу 15 илјади работници.
Таа мерка не е едиснтвена, следат кратење на трошоците за 2 милијарди евра (во наредните 3 год.) и намалување на годишното производството од 4 на 3.2 милиони возила.
Истата судбина ја дели и спортскиот бренд Alpine кој само што почна да се етаблира со нова серија спортисти со ретро изглед.
Нималку пријатно добредојде за новиот шеф, кој доаѓа од водечката позиција на Seat.
Меѓу состојбите диктирани од престанокот на работата и плановите за иднина, на мала врата се протна одлуката за преструктуирање на производното портфолио кое сега ќе оди во прилог на електричните возила.
Денес (03.06.) пристигна веста дека Renault се задолжува кај комерцијалните банки за нови 5 милијарди евра а како гарант за кредитот се појавува Француската влада.
Убедени сме дека овој обемен и пред се тежок план за санација на францускиот производител, нема негативно да се одрази на квалитетот, но и на цената на новите возила.