EV

Renault ги напушта дизел моторите

Објавено на

На почетокот на идната година на сила ќе стапат финалните Euro 6d стандарди за емисиите на штетни честички во издувните гасови, кои ќе испратат доста модели во принудна пензија.

Меѓу првите ќе бидат малите автомобилите на RenaultClio и Captur, од чија гама ќе бидат исфрлени дизел изведбите, но само краткотрајно.

Во моментов тие се нудат со 1,5 литарски dCi мотори со 95 и 115 KS, од кои после ревизијата во согласност со наведените нови норми, Renault во текот на идната година ќе врати само еден.

Тоа веројатно би бил посилниот кој се вградува и во Megane, но не мора да значи. Претходно годинава Французите го опремија Clio со хибридна, а Captur и Megane со плагин хибридна погонска група.

Од дизелските технологии ќе бидат „ослободени” и други модели на Renault и придружните марки – веќе се знае дека идната Arkana, како и Dacia Sandero и Logan нема да имаат дизели во понудата.

Во Франција учеството на нови дизелски автомобили годинава падна на 31 отсто од 73 колку што изнесуваше во 2013-тата.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.