Актуелен Миг
Range Rover Evoque: Од Rooftop перспективите изгледаат поинаку
Range Rover има целосно нов Evoque кој ги носи сите благороднички гени на своите претходници. Луксузниот компактен SUV го задржува софистицираниот изглед како и можноста со него да се излезе по беспаќа. Најмалиот „ренџ“ сега се нуди со почетна цена од 46.500 евра.
Во присуство на своите поголеми браќа кои за приликава останаа надвор од свечената сала, најновиот „ренџ“ беше претставен пред бројни гости, лубители на брендот..
Одличната атмосфера беше пропратена со обраќање на менаџментот на компанијата, за да потоа кулминира со појавување на двата примерока од зад параваните.
А тоа што се појави по кревање на димната завеса ги воодушеви присутните гости. Прекрасно парче автомобил кое во себе носи племенска сина крв, збогатено со апликација на бројни иновативни технологии.
Дизелите ослободуваат 150, 180 односно 240 КС, додека бензинците 200, 250 или 300 КС.
Тука ќе прекинеме со изнесување на техникалиите од едноставна причина за да првичниот впечаток не го замаглиме со интерпретација на суви бројки.
Она што сепак ќе мора да го истакнеме е дека влезот во светот на Range Rover чини 46.500 евра, колку што всушност изнесува почетната цена на новиот Evoque.
Со приложената фото галерија ќе се обидеме да ви пренесеме само еден дел од свеченото претставување на новата едиција на Range Rover Evoque.