EV

Ram 1500 Ramcharger: хибридизација на американски начин

Објавено на

 

Петтата генерација на RAM 1500 може да се добие и во целосно електрифицирана верзија. Зад ознаката Ramcharger се кријат две дузини од најновата технологија.

Електрификацијата веќе длабоко е навлезена и кај најомилената класа на „јенките“, пикап или како они ги нарекуваат Light Truck-овите.

Но, пред да ги погледнеме деталите на новитетот кој носи датум од 2025 год. да се навратиме чекор назад.

Како RAM Truck брендот за прв пат се појавува во 1981 откако година претходно се двои како посебна дивизија на Dodge.

Сега сите заедно се дел од големата групација Stellantis, која пак, до 2025 година планира да инвестира 30 милијарди долари во развој на електрични возила и софтвер потребен за нивно менаџирање.

Нема ништо ново да кажеме ако истакнеме дека патот до целосна електрификација води преку хибридните погони. Но, едно големо „но“ треба да кажеме за специфичниот начин на кој тоа го прават американците. Сепак за погон овде се користи само електричната енергија.

Очигледно нивните развојни инженери размислуваат во правец на комбинирање на класичен мотор кој имаат улога само да го придвижува електричниот генератор. Носењето на генераторот со себе овозможува големи автономии ограничени само со волуменот на бензискиот резервоар.

Конкретно, кај Ram 1500 Ramcharger тоа значи дека електричните мотори ја добиваат потребната енергија од батериите кои се полнат од вградениот генератор. Бензискиот V6 од 3,6 литри припаѓа на серијата Pentastar, а за новата улога е подесен на 130 kW (177 КС).

Својот тек енергијата го започнува токму од бензискиот мотор кој е директно поврзан за генераторот на електрична енергија. Струјата потоа, преку 400-волтен конверотор, се пренесува до сетот батерии со капацитет од 92 кило-ват-часови (kWh).

Тоа е изворот од кој предниот електромотор од 250 kW (340 КС) и задниот од 238 kW (324 КС) весело се вртат ослободувајќи така максимална силина од големи 664 КС.

Убавината на оваа технологија е што овозможува автономија од над 1.100 км без притоа да мора да се бара извор на електрична енергија. Доволно е само да се има бензин.

Во случај во близина да има брз полнач (до 145 kW), за време од само 10 минути Ram 1500 Ramcharger може да ги наполни батериите за преминување на нови 70 км. само на струја.

И тоа не е сé, електронскиот менаџмент овозможува двостран проток на електричната енергија, односно напојување на надворешни потрошувачи од вградениот сет батерии (при невремиња, во природа, за полнење други електрични возила, и тн.)

Од технолошките специфики можеме уште да ги издвоиме и системот за водено ладење на батериите, можноста електричната енергија да се презема директно од генераторот и батериите (ако има потреба од ангажирање на поголема моќност), потоа отсуството на механичка поврзаност на бензискиот мотор со погонот, целосно новоразвиен електронски менаџмент,…

Во идентчен високотехнолошки стил е конципирана и внатрешноста со сите можни конекции, три екрани (еден независен и за совозачот), и нормално, со дузина безбедносни системи овозможени од вградениот ADAS (Autonomous Drive Assist System).

Безбедносните системи се и тоа како потребни затоа што огромната силина овозможува забрзување до 100 км/ч кое трае пократко од пет секунди.

Комбинацијата на новата платформа со уникатната хибридна технологија со погон само на струја, овозможува RAM да ја заземе лидерската позиција во најпопуларната класа возила во Америка.

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.