EV
Porsche 911 GT2 RS повторно оди во производство
Поради потонување на италијанскиот брод во кој помеѓу останатите возила се наоѓале и четири примероци на Porsche 911 GT2 RS наменети за купувачи во Бразил, производството ќе биде обновено.
“Grande America” италијански брод кој превезувал над 2.000 возила потона во Атлантскиот океан во француското крајбрежје. Сите 27 члена на екипажот се спасени, а како причина за потонувањето е избувнувањето на голем пожар.
На бродот биле натоварени Audi A3, A5, RS4, RS5, и Q7 модели како и Porsche Caymans, Boxsters, Cayennes, и четири примероци од 911 GT2 RS. Тие според извештајот на Carscoops биле намененти за познати купувачи од Бразил.
Потонал бродот, ќе се направат повторно автомобилите и тука некаде помеѓу превозникот и осигурителните компании ќе за затвори оваа приказна.
Но за да не биде се така едноставно, прозиводството на моделот 911 GT2 RS, Porsche во февруари годинава го прекина производството на овој модел.
Од моментот кога во Porsche дознаа за несреќата на бродот, веднаш проработе германскиот инстикт за професионалност, па менаџментот донесе одлука повторно да се произведат тие четири единици и според договореното да им бидат испорачани на нивните сопственици.