Во светот

Porsche 356 America: како се роди легендата Speedster?

Објавено на

 

Speedster, концептот кој ги комбинира возачкото задоволство и извонредната динамика, е дел од историското наследство на Porsche уште од 1952 година.

Отворен кров и извонредна динамика, ставени во ист автомобилски контекст звучат прилично возбудливо.

Дали тоа ние говориме за прадедовците на 356 America Roadster. Се разбира, тоа е имиџот кој пред речиси 70 години трпеливо почна да го гради Porsche.

Мал осврт во технологиите употребени ва раните 50-ти години на минатиот век – лесна (и цврста) каросерија изработена од алуминиум и четирицилиндерски боксер мотор од 70 КС.

Резултат: максимална брзина од импресивните за тоа време, 180 км/ч.

Ексклузивното спортско возило, развиено само за американскиот пазар и изработено во екслузивни 16 единици, уште тогаш ги содржи клучните елементи на Speedster дизајнот. Екстремно нискиот ветробран, склопување на прозорците во вратите, водоотпорен кров за заштита од врнежи, лесни школки за седиштата, …

Во 1954 година, Porsche излегува во пресрет на барањата и нуди економска верзија која чини неполни 3.000 долари.

Со пониската цена во името за прв пат се појавува ознаката Speedster, што пак веднаш станува тркачки синоним.

На сончевата страна на Америка, 356 Speedster со мотор од 1.500 ccm кој чини 2.995 долари инстантно станува продажен хит и воедно имиџ-автомобил посакуван од ентузијастите помеѓу кои е и славниот актер, Џемс Дин.

Понатамошниот развој на 356 Speedster, во 1957 година, резултира со појавата на 356 A 1500 GS Carrera GT Speedster кој од 1.5 литарски боксер мотор извлекува 110 КС, кои се доволни за максимална брзина од 200 км/ч.

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.