Porsche одговори на медиумските гласини за потенцијална електрична верзија на легендарниот 911.
А одговорот е краток – електричен 911 нема да се појави така бргу, ако воопшто некогаш и се појави.
Тоа го кажа шефот на Porsche Оливер Блум кој образложи дека овој легендарен модел уште долго ќе има мотор со внатрешно согорување бидејќи самиот автомобил така е конципиран.
Според него претворањето на 911 во електричен спортски автомобил не е идеално, што значи дека ако Porsche некогаш има таков тоа поверојатно ќе биде сосема нов модел.
Сепак остави можност 911 да се појави во хибридна верзија, бидејќи никој не е имун на промените во авто-индустријата.