Во светот

Porsche во Чиле гради фабрика за синтетичко гориво

Објавено на

 

Во струјата е иднината, но Porsche не се откажува од сегашност во која владеат октаните.

Затоа и германската компанија гради фабрика во Чиле која веќе од идната година ќе започне да произведува синтетичко гориво.

Од Porsche велат дека користењето на ова гориво нема да бара промени кај сегашните мотори со внатрешно согорување.

На почетокот, заради негово испитување, ќе се користи само кај тркачките возила – за прв пат во оние наменето за Mobil 1 суперкупот идната година.

Затоа и на стартот производството ќе биде лимитирано на мали количини – само 130.000 литри, но до 2024-та тоа ќе биде зголемено на 55 а до 2026-тата на 550 милиони литри.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.