EV
Polestar Re_Move – Нешто сосема поинакво
Кога ќе се спомене Polestar веднаш се помислува на нешто моќно и брзо, но ова што го гледате е нешто сосема поинакво.
Во соработка со германскиот индустриски дизајнер со српско потекло Константин Грчиќ, производителот на електрични мотоцикли Cake, производителот на алуминиум Hydra и списанието за дизајн Wallpaper Magazine, Polestar разви концепт на мало возило за достава под назив Re_Move.
Во овој момент Polestar не нуди никакви технички детали за ова необично возило, освен дека е конструирано така да може да се вози по велосипедските патеки.
Re_Move засега постои само во компјутерите на неговите креатори, а претставувањето на првите функционални прототипи е планирано за есенва.