Во светот
Pininfarina креираше – трактор!
Кој е Pininfarina не треба да ви кажуваме, заради што оваа вест заслужува да ги прекршиме нашите графички правила и да ставиме повеќе слики, помалку текст.
Она што мора да го кажеме а најверојатно не го знаете, е дека Pininfarina сега е во сопственост на индискиот Mahindra, кој е најголем производител на трактори во светот.
Затоа и не се обидувајте да повлечете логична цртка како тоа една дизајнерска куќа која се подготвува за лансирање на суперавтомобил како што е електричниот Batista, креираше трактор.
Но тој сепак не е направен за матичната куќа туку за New Holland, кој е во сопственост на CNH Industrial во чиј состав е и Iveco.
Но, да ги оставиме бизнис релациите настрана – овој трактор со назив Straddle е обмислен за работа на лозарските насади, заради што позицијата на возачот е инспирирана од чаша шампањско…