Видео
Peugeot 9X8 во патна изведба – воодушевувачка идеја [видео]
Неодамна претставениот прототип Peugeot 9X8 Le Mans Hypercar кој ќе се натпреварува на ендуренс трките, 2022 FIA WEC можда би можел да се појави и во цивилно издание.
На сите им е јасно, натпреварувачките болиди служат за изградба на имиџот. Потоа имиџот се материјализира преку комерцијализација на спортските изведеници на големосериските модели.
Едноставно да се каже – многу скапо и комплексно да се изведе. За постигнување успех на спортските патеки потребни се големи вложувања, иновативност и многу, многу труд.
Во трките на издржливост Peugeot има изградено солидна традиција, моделите 905 (1992 и ’93) и 908 (2009) се носители на титулите од серијата, Le Mans.
За следната година веќе е најавен силен адут која се очекува да се искачи на највисокиот подиум на FIA World Endurance Championship трките. Прототипот Peugeot 9X8 Le Mans Hypercar веќе ги помина сите тестирања.
Ознаката е повеќе од јасна: деветката е во традицијата на брендот, ‘X’ во средина укажува на интегралниот погон, додека осмицата е во склад со целата актуелно гама на производителот.
Импресивниот едносед, растегнат на должина од точно пет метри, има големо растојание помеѓу оските од 3.045 mm. Во задниот дел е сместен бензиски V6 од 2.6 литри кој со помош на твин турбо технологија ослободува 680 КС (500 kW).
Преносот на задниот пар тркала се одвива преку 7-степенска секвенцијална трансмисија обезбедувајќи така масимални перформасни. Но тоа не се! Во содесјтво со бензинецот функционира електромотор од 200 kW (272 КС) поставен над предната оска кој преку редукција се грижи за пренос на предниот пар тркала.
Системската, хибридна силина од преку 900 КС, веќе на хартија делува моќно, а ако се суди според изјавите на ангажираните пилоти, во пракса делува – шампионски.
Вкупната тежина од само 1.030 kg дава свој драгоцен придонес за максимизирање на перформансите.
Имајќи го сето ова како сознание се поставува прашањето, дали оваа тркачка драгоценост може да се прилагоди за цивилна употреба.
На темата, сериозно се нафатија неколку реномирани дизајнерски имиња помеѓу кои и Camille De Bastiani кој изработи рендери на модел кој може да носи цивилни регистерски таблици.
Освен дизајнерските интервенции, евентуалниот патен модел сигурно би тежел далеку повеќе (поради безбедносната опрема и помалку егзотичните материјали) но сепак според перформасните без никакви дилеми успешно би конкурирал на актуелните хипер спортисти.
Сега Peugeot е на потег!