Uncategorized
Peugeot 408: Французите отвараат нова класа
Ненајавено, Peugeot го претстави „408“, стилско возило од „Д“ сегментот кое тешко може да се смести во постоечките категории.
Најблиската дефиницја би била дека е нова интерпретација на купе-кросовер верзија, но во крајна линија кому категоризацијата му е важна.
Најважно е што Peugeot останува доследен самиот на себе – секогаш подготвен да понуди нешто ново.
Тоа ново, навистина изгледа одлично. И свежо. Напуштајќи ги традиционалните пропорции на класата која веќе е на изумирање – во Европа веќе не се нудат Accord, Avensis, Optima, Sonata, Mondeo,.. a наскоро се гасат Passat и Insignia – 408-мицата нуди нешто целосно ново.
При создавањето конструкторите примарно се обратиле кон (пре)богатиот рафт на групацијата. Од таму се позајмени EMP2 платформата која ја користат „308“ во хечбек и караванска верзија.
Во случајот, караванот е многу поблизок со должината, па некако се наметнува како главен дарител. Неконвенционалниот облик – сетете се на Citroen C4 и C5X – е во генетиката на PSA групацијата, но сепак малкумина очекуваа да ја видат и кај Peugeot кој за разлика од Citroen, традиционално се обраќа кон поконзервативниот дел од публиката.
Тоа воопшто не ја менува позитивната перцепција и општите симпатии кои веднаш ги собра 408. Напротив, позитивните рекации доаѓаат и од европските но и од кинеските фанови.
Во чекор со еколошките трендови се и двата plug-in мотори кои иницијално ќе го придвижуваат новиот „пежо“.
И двата предвидуваат комбинација на бензиски турбо мотор од 1,6 литри и електромотор од 81 kW (109 КС).
Разликата се прави во максималната излезна силина на бензинецот кој во послабата варијанта изнесува 150 додека кај посилната 180 КС. Заедничка е и трансмисијата – автоматскиот 8-степенски менувач ги придвижува предните тркала.
Системската силина со која располага Peugeot 408 изнесува 180 (360 Nm) во послабата и 225 КС (со идентични 360 Nm) во посилната верзија.
За некои посебни пазари (!) ќе се нуди и алтернативна пропулзија која ќе доаѓа во облик на проверениот трицилиндерски бензинец од 1,2 литри и 130 КС кој силината ќе ја пренесува преку 8-степенски автоматик.
Дизел варијанта воопшто не се споменува, но затоа платформата овозможува вградување на целосно електричен погон, верзија која може да се очекува наскоро.
За естетските и практичните својства не би коментирале превише – естетиката е во склад со новите трендови на брендот (што е одлична вест), додека околу практичноста само да го споменеме изобилието на одлично организиран простор и багажникот со големина од 536 во основна и 1.611 литри со спуштени задни седишта.