Во светот
Peugeot 405 сé уште се произведува!
На врвот на својата популарност во Европа, во 1992 година Peugeot 405 започна да се произведува и во Иран.
Но пред некоја година, Iran Khodro, тамошниот партнер на Peugeot, започна со сериозна модернизација на гамата во која веќе немаше место за 405.
Таму беше ребрендиран како Peugeot Khazar 406 и лансиран на пазарот по цена од нешто под 9.000 евра. За тие пари купувачите добиваат 1,8 литарски Еуро 5 бензински мотор со 100 КС, клима-уред и две воздушни перници.
Aко платат уште малку и keyless entry систем, сензори за паркирање, електрично задвижувани седишта и друго.
Peugeot Khazar 406 e достапен е и со дизел мотор со 106 КС и автоматски менувач, a интересно е што азербејџанската компанија го извезува и во Иран.
Во својата досега 33-годишна историја, Peugeot 405 покрај во Франција, Иран и сега Азербејџан, се има произведувано уште и во Велика Британија, Полска, Ирак, Египет, Аргентина, Чиле, Индонезија, Малезија, Тајланд, Тајван и Зимбабве.