Unite Gallery Error:

Gallery with alias: peugeot208 not found
Peugeot 208: Четири метра преполни со амбиција - Autoinfo.mk

Во светот

Peugeot 208: Четири метра преполни со амбиција

Објавено на

 

Втората генерација на францускиот „Б“ претставник доаѓа со нова платформа, зголемени димензии и три различни погони – бензиски, дизел и електричен.

Дефинитивно, Peugeot знае да прави мали возила. Додуша со појавувањето на импресивниот 508 оваа констатација слободно можеме да ја прошириме и надоградиме.

Сепак, појавувањето на нова генерација на автомобил од „Б“ сегментот, предизвикува нескриен интерес кај сите производители. Токму тоа се случува моментално по објавувањето на првите службени информации.

А тие говорат за употреба на целосно нова CMP/e-CMP платформа развиена за идните корпорациски модели од „Б“ и „Ц“ сегментот. За да нема забуни таа одлично се надополнува со досегашната EMP2 платформа која доживеа милионски тиражи.

Ново развиената платфрома е универзална така да може да понесе и класични мотори но и чисто електричен погон. Во случај на електричниот погон батериите со капацитет од 50 kWh се сместуваат во задниот дел.

Електричните 136 КС се пропратени со вртежен момент од 260 Nm што е доволна гаранција за жесток одговор на стиснатата папуча за гас (забрзување од 8.1 секунди).

Автономијата од 340 километри (според WLTP) мерена според старите норми изнесува и повеќе од солидни 450 км.

Додека сме кај оваа универзална платформа, од Peugeot тврдат дека таа е поцврста и полесна, а воедно подобро изолира од бучавост и вибрации.

Кај новиот 208 акцентот сепак е задржан на класичните мотори. Трите Puretech бензинци со 75, 110 и 130 КС ги познаваме од порано со тоа што сега се еколошки упристоени и ги исполнуваат Euro 6d Temp нормите.

Нов е дизелот од 1.5 литри кој ќе се испорачува со 100 односно со 136 КС. ЗА подрајата со полабави еколошки стандарди послабата верзија може да биде понудена и со 6-степенски автоматик.

Исто така, новина претставува можноста посилните мотори да бидат комбинирани со 8-степенска автоматика додека како стандард доаѓаат менувачи со по шест преносни односи.

Промени има и во надворешните димензии, па така наследниот брои 4.055 наспорти досегашните 3.973 mm.

Додадените сантиметри веројатно ќе отидат на зголемен комфор на задната оска, но сепак тоа е само претпоставка.

За дизајнерскиот аспект многу нема да говориме, впрочем приложените службени фотографии го прават тоа одлично.

Сепак, сличноста во пристапот јасно говори за нови естетски ветришта започнати со впечатливиот 508.

Peugeot нема да ја пропушти оваа извонредна шанса, па за очекување е новиот 208 да биде понуден со широка палета на комбинации.

Во игра се ставени одлично осмислени пете нивоа на опрема, потоа шест мотори како и мноштвото бои, со што е овозможена персонализација според сечиј вкус.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.