После медиумскиот линч што Новак Ѓоковиќ го доживеа во поголем дел од светот, Peugeot донесе одлука да го раскине договорот за спонзорство.
Француската марка очигледно не сака повеќе да има било каква врска со својот амбасадор, но како стојат работите комплетно ќе си замине од овој спорт.
Имено, се појавија гласини дека Peugeot ќе престане да соработува и со турнирот Ролан Гарос, еден од четирите најголеми во светот на тенисот.
Според истите информации, местото на „лавот“ кое го држеше скоро четири децении ќе го замени неговиот голем ривал Renault.
Колку има вистина во тоа ќе дознаеме на 22 мај кога ќе стартува годинешното издание на Ролан Гарос, каде титулата ќе ја брани токму Ѓоковиќ.