EV
Peugeot и Fiat се споија во Stellantis
Акционерите на Fiat Chrysler и PSA групата го изгласаа настанувањето на Stellantis со спојувањето на нивните две компании.
На одделни заседавања, одржани преку интернет, акционерите на FCA и PSA со повеќе од 99 отсто позитивни гласови ја дадоа својата поддршка за нивно спојување.
Извршниот директор на PSA, Карлос Таварес и претседателот на FCA, Џон Елкан го нарекоа спојувањето на своите две компании настан од голема важност кој ќе испише нови поглавја во индустриската историја на Франција, Италија и САД.
Тие истакнаа и дека во оваа ера на промени во автомобилската индустрија заеднички ќе одиграат водечка улога во изградбата на иднината, што впрочем е и идејата која ги спои.
Новата компанија годишно ќе произведува 8 милиони автомобили и на партнерите ќе им штеди по пет милијарди евра.