EV

Panasonic претстави пет пати помоќни батерии за Tesla

Објавено на

 

Во моментите кога Tesla се свртува од својот традиционален добавувач на батерии Panasonic кон корејските и кинеските конкуренти, јапонскиот гигант претстави батерии со пет пати поголем капацитет.

Објавувајќи ја веста, Panasonic ја цитираше изјавата на директорот на филијалата за производство на батерии Казуо Таданобу кој недвосмислено рече дека ова ќе помогне во продлабочувањето на деловните врски со Tesla.

Секако дека новите батерии на Panasonic ќе можат да ги користат сите производители на електрични автомобили, но самото споменување на Tesla кажува многу за плановите и желбите на јапонската компанија.

За да ја ублажи малку претенциозноста, тој додаде и дека Panasonic нема намера да произведува евтини батерии на база на литиум-железен фосфат.

Како да е, за новата батериска ќелија со 46 милиметри ширина и 80 висина Tesla тврди дека ќе ги преполови трошоците на производство.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.