EV
PACE! планот на Opel почна да дава резултати
Само една година по презентирањето на стратешкиот план “PACE!, Opel/Vauxhall се враќа на патот на успехот. Дефинитивно Opel ќе биде одржливо профитабилен, електричен и глобален.
Ние направивме профит од 502 милиони евра во првите шест месеци од 2018 година и продолжуваме да работиме напорно на нашиот успех “, истакна Главниот Извршен директор на Opel, Мајкл Лохшелер.
Opel исто така има поголема корист од интеграцијата во PSA групацијата. Возилата базирани на заедничките мулти-функционални платформи се до 50 отсто поекономични во развојот, а во исто време има и подобрување на квалитетот. Широката синергија се постигнува и во многу други области на компанијата.
Во меѓувреме, Инженерскиот центар во Риселсхајм ја зацврсти својата позиција во рамки на мрежата Groupe PSA R & D. Покрај 15 центри на компетентност со глобална одговорност (вклучувајќи седишта, горивни ќелии и напредни системи за помош на возачот) за целата група, инженерите од Риселсхајм, исто така, имаат лидерство во развој на лесни комерцијални возила и новото семејство на четирицилиндрични бензински мотори.
До 2000 вработени на Opel би се приклучиле на давателите на инженерски услуги. Договорената заштита против отпуштањето до јули 2023 година ќе остане во сила.
Офанзивата на неевропските извозни пазари, исто така, добива на интензитет. Новите договори се потпишани со силни увозници во многу земји, како што се Мароко, Тунис или Јужна Африка.
Веќе во текот на овој месец, Opel ќе започне со склопување на Grandland X за африканскиот пазар во новата фабрика во Намибија.
За првпат, широка понуда за лизинг со целосна услуга – под покривот на марката FreeeMove беше лансирана и на европските пазари во последниве недели. Ова, исто така, ќе придонесе за понатамошен важен стимул за раст.
Мајкл Лохшелер продолжува да нагласува дека имплементацијата на PACE! останува највисок приоритет за целата организација. “Ние ќе продолжиме да ги вложуваме сите наши напори во PACE! и ќе бидеме успешни како германски бренд.