EV

Opel Vivaro-e прогласен за Интернационално комерцијално возило за 2021

Објавено на

 

Opel го електрифицира својот комерцијален програм што наидува на одличен прием како кај корисниците така и во стручните автомобилски кругови.

Електричното комерцијално возило на германскиот производител беше избрано од страна на стручното жири составено од 24 новинари кои доаѓаат од независните медиуми за лесни комерцијални возила.

Достапна во три должини и со многу варијанти на каросеријата, батеријата на Vivaro-e им овозможува на професионалците да ги искористат сите предности на елсктричната подвижност.

Клиентите на Vivaro-е можат да изберат помеѓу две големини на литиум-јонска батерија: од 75 kWh за опсег до 330 km или за оние кои имаат помалку интензивна дневна употреба на своето возило, од 50 kWh за повеќе од 230 km.

„Ние сме многу горди што новиот Vivaro-e е избран за интернационално комерцијално возило за 2021 година“, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер.

„Би сакал да им се заблагодарам на стручното жири на IVOTY за оваа награда која е најпрестижна и најпосакувана, во секторот на лесни комерцијални возила. Vivaro-e поставува нови стандарди во својот сегмент на пазарот и ја води електрификацијата во гамата на лесни комерцијални возила на Opel.

Следната година ќе ја додадеме ознаката „е“ на Combo и Movano, кои ќе бидат целосно електрифицирани пред крајот на 2021 година!

Денес, Opel забрзано ја електрифицира целата гама, а до 2024 година ќе имаме електрифицирани верзии на сите наши патнички и лесни комерцијални возила.„

Базиран на платформата на Групацијата PSA – EMP2, Vivaro-e нуди исклучително широк спектар на системи за помош при возење – како што е признато од жирито на IVOTY.

Покрај head-up дисплејот, Vivaro-e има и помош за одржување на лента, проширено препознавање на сообраќајни знаци, предупредување за поспаност, предупредување за можен удар напред и автоматско сопирање во итни случаи.

Во витрините на Opel веќе се наоѓаат наградите, Интернационално комерцијално возилo на годината со Astra Van во 1999 година, прва генерација на Vivaro во 2002 година и Combo во 2019 година.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.