Во светот
Opel Vivaro-e: Започна времето на електричните комерцијалисти
Новиот Opel Vivaro-e со автономија од 230 или 330 километри, веќе е во редовна продажба во Германија, со почетна цена од 26.650 евра во која е вклучен и еколошкиот бонус.
Клиентите на Opel Vivaro-e можат да изберат помеѓу две големини на литиум јонска батерија, а во зависност од нивните потреби: со 75 kWh за возење до 330 км. или за оние кои имаат помалку интензивно секојдневно користење на своето возило, со 50 kWh и опсег до 230 километри.
„Vivaro-е е првото електрифицирано лесно возило на Opel“, рече Андреас Маркс, шеф на Опел Германија.
„Независно од големината на батеријата, нашето ново комбе секогаш транспортира стока oд врата до врата, без исшуштање на штени гасови – многу подалеку од „ последниот километар“ и без компромиси за практичност. Vivaro-e претставува атрактивна понуда на растечкиот пазар за LCV. “
Купувачите на електрифицирани комбиња исто така имаат корист од финансиската поддршка на Германската влада за иновативни технологии по пандемијата на корона.
Еколошкиот бонус за електрични возила со батерии се искачи на 9.000 евра до 31 декември 2020 година.
Сите верзии на Vivaro-e Cargo (S, M, L) во секоја нивоа на опрема (во Германија: Selection, Edition, Elegance) ќе добијат целосен еколошки бонус од 9.000 евра за електрични возила со чиста нето цена до 40.000 евра.
Vivaro-e Cargo S Selection е достапен за само 26.650 евра. Поддршката за иновации за возила со нето цена од повеќе од 40.000 евра е 7.500 евра.
Vivaro-e има носивост до 1.275 килограми, што е скоро исто како и верзиите на дизел Cargo S 2.0-литарски (максимален товар 1.405 kg).
Е-комбето е исто така единственото електрифицирано возило од производителот на автомобили достапно со додаток за приколки што овозможува максимален капацитет за влечење од 1.000 kg.
Opel го нуди Vivaro-e во три должини – 4,6 метри (S), 4,95 м., (M) и 5,30 м. (L) – и неколку верзии на каросеријата, вклучувајќи затворен фургон, кабина за екипаж и верзија со платформа. Повеќето верзии на Vivaro-e се високи само 1,90 метри и затоа можат да влезат во подземен паркинг.
Со 100 kW (136 КС) и 260 Nm вртежен момент од електричниот погонски систем, Vivaro e нуди подобри перформанси од повеќето електрични комерцијални возила.
Електронски контролираната максимална брзина од 130 км /ч. овозможува автопатна брзина, додека го зачувува и електричниот опсег.
Софистициран регенеративен систем на сопирање, кој ја обновува енергијата произведена под сопирање или забавување, дополнително ја зголемува ефикасноста.
Батеријата сместена под товарниот простор дополнително го спушта центарот на гравитација, што придонесува стабилност при возење во свиоци и на ветрот дури и кога Vivaro-e е целосно натоварен, истовремено придонесува и за поголемо задоволство при возењето.