Во светот
Opel Grandland X добива нов 1.5 литарски дизел
Целосно нов дизел со 130 КС (96 kW) кој веќе ги исполнува идните Euro 6d-TEMP стандарди и ќе може да се спари со нов 8-степенски аутоматик, на располагање се става на Grandland X.
За компактниот SUV, Grandland X, Opel разви целосно нов дизелски мотор. Агрегатот со работен волумен од 1.5 литари своите четири цилиндри ги полни со помош на турбина, а истовремено е помоќен и поекономичен од 1.6 литарскиот дизел што го заменува.
Тој е дизајниран да ги задоволи строгите барања за идните емисии на штетни гасови благодарение на иновативниот оксидациски катализатор /NOx adsorber кој работи паралелно со селективната каталитичка редукција (SCR).
Новиот дизел, во моделот Grandland X, Opel го нуди со 96 kW/130 КС и го спарува со шестстепен мануелен менувач кој при комбинирани услови на возење просечно троши 4.2 -4.1 л/100 км, односно испушта 110-108 г/км CO2.
Максималниот вртежен момент од 300 Nm се постигнува при 1.750 вртежи во минута, а за додатна штедливост се грижи стандардниот Start/Stop систем.
И покрај намалувањето на работниот волумен, новиот мотор има и драматично намалена емисија на штетни гасови, а троши за 4% помалку од својот претходник.
Новиот мотор е достапен и со напреден нов 8-степенски автоматски менувач кој не само што нуди беспрекорно менување, туку и благодарение на дизајнот со мал коефициент на триење, исто така, дополнително ја намалува потрошувачката на гориво и емисиите.
Со новиот 1.5-литарски мотор и ново воведениот 2.0-литарски мотор со 130 КС /177 КС (комбинирана потрошувачка од 4.9-4.8 л/100 километри; 128-126 г/км CO2 ), клиентите на Grandland X сега ќе можат да избираат меѓу два моќни, но многу енергетски ефикасни и про еколошки дизели.
И двата нови мотори се во согласност со строгите Euro 6d-TEMP стандарди кои ќе станат задолжителни за ново регистрирани автомобили во септември 2019 година. До 2020 година, Opel ќе го понуди и Grandland X како прво plug-in хибридно електрично возило (PHEV).