Во светот
Opel Crossland: Градскиот кросовер добива “Vizor” лице
Претставен во 2017 година, Crossland е првиот модел произлезен од соработката помеѓу Opel И PSA рупацијата. Трите успешни години на пазарот се сметаат како одличен тајминг за освежување на моделот.
Тоа и се случи, Crossland наместо мали корекции, доби целосно нов преден дел, кој во Opel го нарекуваат, Vizor.
За време на естетската операција попат се изгуби и ознаката „X“ која до сега стоеше на крајот од името наговестувајќи можен премин на моделот од кросовер во SUV.
Освен новиот преден дел промени има и во задната секција. Според моментно важечките трендови, името Crossland е сместено под знакот на Opel, централно на капакот.
Промената на графиката на светлата овозможена од LED технологијата се смета како нормална при секоја интервенција.
Гледано од прва, внатрешноста нема претрпено поголеми интервенции. Но функционалноста е зголемена со делива задна клупа и можност за надолжно померување. Уште поважно, предните седишта носат печат на AGR (Aktion Gesunder Rücken) сертификатот.
Моментот со безбедносните системи е максимално испочитуван, така да на располагање се ставени сите познати асистенции кои Opel подолго време успешно ги развива.
Круна на тој пристап е вградување на детекција на пешаци и асистенција при сопирање, а ако се вози под 50 км/ч и целосно сопирање на возилото.
Моторната понуда се состои од единици кои сите одред ги исполнуваат најновите еколошки стандарди.
Тоа се веќе докажаните трицилиндрични бензинци од 1.2 литри кои во атмосферска варијанта ослободуваат 83 КС додека кај турбо верзиите можат да се бира помеѓу 110 и 130 КС.
Дизелот со 1.5 литри е земен од истата витрина; четирите цилидри со заеднички волумен од 1.5 литри доаѓаат во две варијанти, 110 и 120 КС.
Обновениот Opel Crossland во продажните салони пристигнува идната година, по цени кои сеуште не се објавени.