EV
Opel со нов корпоративен идентитет [видео]
Opel има нов изглед со пофино нацртано лого на марката, нов ‘Opel Next’ фонт и светлечка жолта боја на позадината кои ја сигнализираат иновативната сила на марката.
Целта е да се биде уште помодерен и похрабар во присуството, бидејќи Opel отсекогаш се залагал за демократизација на иновациите и мобилноста.
Препознатливата линија на потписот обоена во светло неонско жолта боја сега стана новата боја на корпоративниот идентитет.
Со Mokka производителот од Риселсхајм ги претстави новото Opel-ово лице под назив Vizor и новиот дизајн на кокпитот Pure Panel.
Марката сега детално ги претстави понатамошните елементи на својот нов изглед – новиот логотип, новиот фонт и новата боја, или накратко ‘Новиот Opel’.
Во првата половина на 2021 година тоа ќе може да се види на новите Crossland и Mokka, кои ќе бидат првите сериски автомобили со новиот дизајн.