EV
Opel полни 120 години
Годинава Opel слави 120 години од постоењето, што е одличен повод да се лансира специјална едиција, Opel Corsa “120 Years“.
Ова ја прави мобилноста достапна за многумина, а автомобилите побезбедни, почисти, поудобни и практични. Рекламната кампања за 120 години, “Opel. Роден во Германија. Направен за секого” се базира токму на оваа филозофија.
Истиот пристап важел и за првиот Opel – “System Lutzmann” од 1899 година – како и за сите други модели што следеле, од “Doktorwagen” до “Laubfrosch”, P4 и Kadett. Денес филозофијата одговара на Opel Corsa повеќе од кој било друг модел.
Токму поради тоа за јубилеен модел е избран бестселерот кој е пригоден за широк спектар на купувачи.
Стандардната опрема на специјалниот модел Corsa е поставена над верзијата “Edition” и вклучува системи за помош како што е задeн Park Pilot и Cruise Control.
Удобноста е зголемена со карактеристики како грејачи на седиштата, грејач на управувач и велур теписи. Покрај атрактивните цени, моделите “120 Years” исто така се одликуваат со тркала од лесна легура и стилски детали од хром, како и логоaта “OPEL” и “120 Years ” на страниците на вратите.
Цените за Opel Corsa “120 Years ” во Германија започнуваат од 15.440 евра со вклучен ДДВ (Corsa 1.2 со 51 kW/70 КС и петстепен мануелен менувач). Со дополнителна опрема вредноста може да достигне и до дополнителни 2.540 евра.