Во светот
Nissan Z Proto Concept: Спортско патување низ децениите
Последното продолжение на серијата „Z“ ќе носи наместо бројка ќе носи ознака Proto. Новиот V6 ќе го полнат два турбо полначи а рачниот менувач треба да асоцира на славниот претходник, 240Z.
Згодниот спортски шармер, 370Z одлично си ја заврши својата мисија. Замената, Z Proto е веќе подготвена за сериски настап, иако сеуште во името фигурира суфиксот, концепет.
Шефот на дизајнерската екипа Алфонсо Албаиса на новодојденецот одлучи да му подари ретро изглед. Објаснувањето е едноставно: тоа е облик на „спортист кој ги спојува декадите“.
Тука од Nissan не мислат само на првиот предок, 240Z туку и на идните спортисти кои ќе следат.
Многу дизајнерски елементи потсетуваат на некои минати времиња, но исто така со своите чисти линии непогрешливо го наговестуваат едноставниот пристап кој сигурно ќе биде доминантен во иднина.
Z Proto со димензии (438 x 185 x 131) е подолг (+13 cm), поширок (+1 cm) и понизок (-1 cm) од 370Z. Поради спуштениот преден дел, впечаток е дека повеќе наликува на неговиот прадедо отколку на претходникот.
Внатрешноста е целосно дигитализиран, па јасно, неспорна е врската со 370Z. Кластерот со инструменти е збогатен со притисокот на двата турбо полначи.
Голема разлика се прави во моторната понуда која сега преминува од атмосферско во турбо надполнење. Силината ја испорачува трилитарскиот V6 twin turbo кој го познаваме од семејството Infiniti.
Во зависност од моделот таму испорачуваше помеѓу 300 и 400 КС, а најавите говорат дека во Z Proto ќе биде навијен на повеќе од 332 КС колку што испорачуваше V6 атмосферeцот од 3.7 литри кој служеше во 370Z.
Интересно е што силината до задната оска се пренесува прекуу 6-степенски мануелец кој освен што асоцира на оригиналниот 240Z, како решение во поново време добива на актуелност кај многу нови спортски модели.
Наместо да ја соопштат цената, претставниците на Nissan ги соопштија димензиите на пневматиците – 255/40R19 напред и 285/35R19 на задните тркала.