Видео
Nissan Note стигна до третата генерација [видео]
Настанат пред 16 години примарно за Европа, под наездата на SUV моделите малиот Nissan Note во 2017-тата мораше да се повлече од Стариот Континент.
Продолжи да живее во САД и Јапонија, каде сега е покажана неговата трета, во целост електрифицирана генерација, што дава малку надеж дека повторно ќе се врати на овие пазари.
Препознатливоста му ја дава V-Motion маската која се надградува со косо развлечените светла и истакнатите крила, а силуетата купеовски се спушта кон задниот дел со светла со модерен облик.
Новиот Nissan Note е поставен е на CMF-B платформа која му донесе нешто помали димензии, но според фабриката и понатаму нуди простран ентериер.
Таму се среќаваат дигитална инструмент табла, поквалитетни материјали, незаобиколниот инфо-забавен систем и повеќе практични додатоци како што безжичниот полнач, електричната рачна сопирачка и слично.
Основен погон е електрифицираниот e-Power кој комбинира 1,2 литарски трицилиндричен бензинец кој само произведува струја за електромоторот од 115 KS и 280 Nm.
Посебно привлечна ќе биде потполно електричната верзија на Note која ќе има два електромотора и погон на сите тркала.
Продажбата на новиот Nissan Note во Јапонија ќе стартува ден пред католички Бадник, по цена од 16.450 евра.