EV
Nissan Leaf: Максимални резултати на EuroNCAP тестовите
Нисановиот електро-автомобил е прво возило од тој вид кој ги освојува максималните пет ѕвездички на новите EuroNCAP тестови.
Ако најпрвин со тестовите беше опфатена безбедноста на патниците во возилото, потоа следеше испитување на безбедноста на пешаците за да сега тие испитувања се прошират на се побројните велосипедисти присутни на сообраќајниците.
Иако сé поригорозни и посеопфатни, Nissan Leaf EuroNCAP тестовите ги помина со максималните пет ѕвездички. Тоа и не би требало да претставува некое големо изненадување затоа што и првата генерација на јапонскиот „електричар“ појавена во 2011 година исто така покажа максимални резултати за време на испитувањата спроведени од страна на EuroNCAP.
Поради отсуството на бензиски или дизел агрегат во моторниот простор, кај електричните возила е потребно развивање на целосно нов безбедносен систем кој успешно ќе ги заштити патниците во кабината, но според новиот протокол, и ранливите категории учесници во сообраќајот.
Кога на тоа ќе се додадат и системите за автоматско сопирање на возилото во случај на можна колизија, станува јасно со какви се предизвици се соочуваат конструкторите.
Во крајна линија говориме за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а тоа нема цена нели?