Во светот
Nissan IMs Concept: Реален поглед кон електричната иднина
Концептот на Nissan кој ќе биде прикажан на Detroit Motor Show го покренуваат два електромотара со вкупна силина од 360 kW (490 КС), а со едно полнење може да помине преку 600 километри.
Знаејќи го тоа одлично, Nissan нуди раскошен концепт со автономија која надминува 600 километри односно приближно како и конвенционалните возила со едно полнење на резервоарот.
Тоа е овозможено од сетот на батерии со капацитет од 115 kWh од кои енергија црпат двата електромотори поставени на двете оски. Со тоа е осигурана врвна тракција, во случајот потпомогната со големи 22-цолни тркала.
Концепциски гледано, Nissan IMs е среќна комбинација помеѓу луксузна лимузина и кросовер. Во димензии на седан со средна големина (4.85 x 1.90 x 150) m може комотно да се сместат 5 патници во конфигурација 2+1+2.
Малку невообичаено, но VIP местото е сместено точно на средина зад предните, и малку понапред од странично сместениот заден пар седишта.
Ете каде се крие тајната функција на централно сместеното седиште.
Во Nissan IMs се влегува преку голема врата со тоа што таа доволно широко се отвара за непречен влез и на условно кажано задниот пар седишта.
надворешниот изглед ни ја открива големата посветеност на конструкторите кон аеродинамиката со тоа што и стилските елементи воопшто не се запоставени.
Кај концептните возила примарното прашање гласи, дали и кога ќе ги видиме во серија. Иако службените информации засега се шкрти, ценејќи според употребената технологија можеме да заклучиме дека сериското појавување е сосема извесно.