EV

Nissan ја повлекува понудата на дизелски мотори

Објавено на

 

По Toyota и Subaru, Nissan е третиот јапонски производител кој ќе ги повлече од понуда моделите опремени со дизелски агрегати.

Појавата веќе прераснува во принцип на однесување. Очигледно јапонските производители воопшто не се воздржуваат од грубо раскинување со моторите на нафта.

Како да им е преку глава вечната игра со европските регулатори околу загадувањето кои ги предизвикуваат самопалечките мотори.

А и без тоа нивото на совладана технологија која им е достапна за сериско вградување е на доволно високо ниво за да ги задоволи и нaјстрогите норми.

Како врвни адути се споменуваат хибридните изведби како и се побројните модели кои се движат со помош на електрична енергија.

Одлуката на Toyota за повлекување на дизелските верзии до крајот на годината е разбирлива. Речиси и да не постои изведба која нема и своја хибридна варијанта па затоа и субституцијата е сосема логична.

Од друга страна Subaru на американскиот а поготово на европскиот пазар пласира симболични количини од својот единствен дизел (боксер од 2.0 литри) така да нема никаква причина да вложува во понатамошен развој на тој мотор.

Хибридниот погон во Nissan Note

Сега по малку неочекувано доаѓа одлуката на Nissan. Партнерот на Renault од Алијансата, најавува постепено повлекување на моделите во кои чука дизелско срце.

Европскиот пазар, каде што е сконцентрирана продажба на дизелски возила, ќе доживее целосна електрификација. Тоа ќе се случува постепено, заедно со променената на моделите.

Потпора во одлуката за збогување со дизелите Nissan наоѓа во Leaf кој е најпродаван електричен автомобил во светот, но и во лесното доставно возило, NV-200 кое исто така се нуди во електрична изведба.

Останува нејасно зошто јапонците во Европа не ги нудат моделите со E-Power технологија која во суштина претставува хибрид во кој се комбинира бензиски и електро погон. Од оваа серија се истакнуваат Micra и Qashqai кои во Јапонија одлично котираат, па за очекување е дека ќе бидат понудени и на купувачите во Европа.

Во секој случај, Nissan веќе не ги става во комбинација своите штедливи дизели!

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.