Во светот

Nissan планира нови 30 модели до 2026 година

Објавено на

 

Инженерите на Nissan сериозно се фатија за работа.

Nissan ги откри плановите за лансирање на 30 – и собукви, триесет! – нови автомобили.

Тие треба да пристигнат во следните неколку години, поточно до крајот на 2026 година.

Од нив, 14 модели се со мотори со внатрешно согорување и 16 електрифицирани. Сите тие треба да пристигнат до крајот на 2026 година.

Тоа се бројките што важат за глобалниот пазар. Притоа јапонскиот бренд прави разлика во однос на регионите.

Пет нови модели се предвидени за нивниот домашен пазар, седум за Северна Америка, осум за Кина, пет за Блискиот Исток, три за Индија, два за Австралија, два за Африка и шест за Европа.

Nissan, исто така, тврди дека ќе ги следи нив со уште 18 електрифицирани автомобили кои ќе бидат на пазарот до 2030 година. Планот е до тогаш да се покријат сите сегменти.

Иако Nissan има сериозно наследство во категоријата на спортски возила, сепак целокупната флота наменета за европскиот пазар ќе биде на чист електричен погон.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.