Вториот живот на марката Datsun откако Nissan ја реанимираше пред девет години, официјално заврши.
Некогаш славното име беше оживеано како посебна дивизија наменета за развој и продажба на пристапни автомобили на пазарите во развој.
Во прв план за настап на Datsun беа истакнати Индија, Русија, дел од поранешните Советски републики и некои не толку атрактивни пазари како Јужна Африка.
Се сфаќаше како јапонски еквивалент на она што е Dacia за Renault, но ни оддалеку не беше тоа, затоа и не чуди што толку бргу згасна.
Првите сигнали дека ќе дојде до тоа се појавија во 2019-тата, така што вината за неуспехот не може да се префрли на пандемијата.
Возилата на Datsun се произведувани во Индија, Индонезија и Русија како сосема независни од останатата програма на Nissan.
Причините зошто оваа марка не успеа се различни за различните пазари, но кои и да се, никој не се ни обидува да ги анализира.