EV
Mitsubishi со мораториум за лансирање нови модели во Европа
Јапонскиот производител изнајде чудна формула како да заштеди.
Откако си постави цел во наредните две години да ги намали трошоците за 20 отсто, Mitsubishi реши да прекине со лансирање нови модели во Европа – на неодредено време.
Како резултат на оваа одлука, купувачите на Стариот Континент нема да ги добијат новите генерации на пикапот L200, популарниот Outlander или пак малиот Mirage.
Од Mitsubishi не сакаа да кажат колку време ќе трае овој мораториум, ублажувајќи ги работите со тврдењето дека ситуацијата се менува брзо.
Сепак не пропуштија да кажат дека тоа не значи дека марката се подготвува за повлекување од овој регион, бидејќи постоечката гама и понатаму ќе се продава.
Но долго нема да може, бидејќи еколошките стандарди во Европа се менуваат уште побрзо и нема да помине долго време и ќе дојде денот кога тие веќе нема да ги исполнуваат.
А тогаш, повлекувањето од европскиот пазар ќе биде неминовно…