EV
Mitsubishi службено го објави доаѓањето на новиот Space Star
За време на меѓународниот саем на автомобили во Тајланд, Mitsubishi Motors и официјално ќе го покаже новиот Space Star.
Сега тој адут на Mitsubishi добива ветер во грб. Наследникот кој деновиве ќе доживее светска промоција, веќе е претставен на јавноста.
Новиот Space Star ќе биде за 5 см подолг и засега ќе се вградуваат веќе проверените мотори со зафатнина од 1.0 и 1.2 литри и моќност од 71 КС и 80 КС, кои го прават малиот Mitsubishi да биде едно од најекономичните возила во светот.
Свој удел во тоа постигнување дава и внимателно скроената лесна каросерија, аеродинамиката како и механичките отпори кои се сведени на минимум.
Во изгледот на новиот модел доминира маска на автомобилот со карактеристичниот преден изглед на сите модели на Mitsubishi, наречен „динамичен штит“.
Од друга страна, комбинацијата со LED светлата во предниот и задниот дел, го прави да биде складен и лесно препознатлив.
Исто така разлика се прави со употреба на новите „Diamond“ бои на Mitsubishi, кои предизвикуваат ефект на стакло, но исто така може да се забележат и новите двобојни алуминиумски тркала.
Внатрешноста е опремена со нови, квалитетни материјали со посебен дизајн, со многубројни детали и елементи, кои ентериерот го прават да изгледа елегантно, а тука е и SDA уредот за поврзување со паметни телефони, со 7 инчен екран.