EV

Microlino спојува два автомобилски света (видео)

Објавено на

 

Италијанскиот производител Microlino Car врз механички основи на Isetta разви градско возило со нулта емисија на штетни гасови.

Ако некој гласно извикне ISETTA секако дека ќе биде во право. Концепцијата и димезниите се идентични со моделот кој беше екстремно популарен во педесетите.

И не само во родната Италија. Поголема од мотоцикл но помала од автомобил, таа успева да ги обедини сите предности на возилата со две и четири тркала.

Токму на таа концепција се гради Microlino, разликата е во погонот кој е целосно електричен.

Најпрвин цената, таа изнесува околу 12К евра. За таа количина на банкноти се добива стилски двосед кој се движи со помош на електромотор способен возилото да го забрза до 50 км/ч во само 5 секунди.

Максималната брзина од 90 км/ч јасно дава до знаење дека Microlino е чисто градско возило. Секако, и многу динамично. Од друга страна, батериите со капацитет од 14.4 kWh овозможуваат автономија од цели 200 km што значи дека во најголем број случаи ќе треба да се полнат на секои три-четири дена.

Должината од само 2.4 метри и вкупната тежина од 435 kg се сосема доволни за превоз на два патника и нивниот багаж во кој може да биде вклучен и електричен скутер од истиот производител.

Замислете ги следните магловити денови со воздух во кој царуваат ПМ честички и останата отравна материја и алтерантивен електричен транспорт чии батерии можете да ги полните дома!

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.