EV
Michelin: од 2023-тата сите автомобилски гуми ќе имаат чипови
Францускиот производител на гуми реши – од 2023 година сите негови автомобилски гуми ќе имаат вградено чипови.
Првите интелигентни гуми на Michelin со овие чипови способни за радио-идентификација (RDIF) ќе се појават доста бргу и ќе овозможуваат надзор над нивната состојба.
Michelin во моментов работи со производителите на автомобили на алгоритмите кои ќе овозможат безжично поврзување на чиповите во гумите и компјутерот во возилата.
Тие треба да бидат унифицирани и исти за сите возила, а идејата е измерените податоци да се прикажуваат на патниот компјутер.
Со поврзувањето на гумите со возилото ќе се унапреди и работата на безбедносните системи кои своето дејство ќе го прилагодуваат во зависност од состојбата на гумите.
Од Michelin не соопштуваат колку ова ќе ги поскапи нивните производи.