EV
Mercedes Vision EQXX: Револуција на сите полиња [видео]
Две години откако беше најавена, револуционерната електрична лимузина со автономија од 1.000 километри е претставена.
Своите линии Mercedes Vision EQXX требаше да ги покаже на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас, ама сепак дигитално пристигна на овој свет.
Тие имаат капацитет од номинални 100 kWh и се составени од 200 ќелии во куќиште од јагленородни влакна и остатоци од шеќерна трска.
Но најбитно е што имаат аноди од силициум што е револуционерна карактеристика за чие производство сé уште не постои технологија.
Затоа и не треба да чуди што потрошувачката на струја според WLTP стандардите изнесува под 10 kWh на секои 100 километри.
Револуционерна е и внатрешноста во која дури 111 сантиметри широкиот екран со својата резолуција од 7.680×660 пиксели се протега од крај на крај.
Впрочем, погледнете го видеото.