Во светот

Mercedes T-класа: Убавата страна на Citan и Kangoo

Објавено на

 

Сегментот на мултифункционалните комби возила тукушто доби нов претставник.

Го познаваме и како Renault Kangoo и како Mercedes Citan, ама сега наместо за товар повеќе е ориентиран кон комфорот на патниците заради што се одзива на името T-Класа.

Разликите однадвор се забележливи но не и драстични, но затоа внатре веднаш се гледа дека иако со француски корени, сепак е вистински Mercedes.

Тоа посебно го докажува со списокот на опрема, почнувајќи од системот за влегување без клуч преку автоматските светла и бришачи па се до MBUX системот.

Засега е на располагање само пократката верзија која има должина од 4,5 метри и багажник во кој собира од 520 до 2.390 литри.

Под хаубата можат да се најдат 1,5 литарски дизел со 95 или 116 KS или 1,3 литарски бензинец со 102 или 131 KS, спарени со мануелен или автоматски менувач.

Во иднина ќе се појави и во електричната EQT изведба, за која се надеваме дека повеќе ќе личи на концептот покажан лани отколку на Kangoo.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.