Не е Rolls-Royce, ниту Bentley, ама Mercedes-Maybach S-класата сепак им ги мрсеше конците во луксузниот сегмент.

Да остане и понатаму така, после само два месеца по промоцијата на новата генерација на S-класата германскиот производител ја подготви и нејзината луксузна варијанта.
За да ги носи ознаките на Mercedes-Maybach прво што беше направено е да се продолжи меѓуоскиното растојание за 180 милиметри, наменети за патниците назад.
Добиениот простор е пополнет со најексклузивното нешто што можат Германците да го смислат, како на пример седиштата со функција за масажа и одвоено греење за вратот и рамењата.
Големо внимание е посветено и на звучната изолација, чија ефикасност е дополнета со специјалниот Active Noise Compensation систем за анулирање на бучавата.
Задните врати се отвораат електрично, покривот е панорамски, ослонувањето воздушно, а тркалата на задната оска се активно управувани.
На возачот му стојат на располагање два големи дисплеја, MBUX ентериер со контрола со гестикулации.
Автономното возење се подразбира. Вграден е систем за автоматско возење од трето ниво кој може да го презеде управувањето при брзини до 60 km/h, … и што уште не.
За брзите патувања ќе се грижат 4,0 литарскиот V8 со 500 KS и 6,0 литарскиот V12 со 630 KS.
Подоцна ќе пристигне и плаг-ин хибридна варијанта комбинирана од 3,0 литарски шестцилиндричен мотор со вкупно 510 системски коњи. Продажбата ќе започне пред крајот на годинава.
