EV
Mercedes EQS SUV – Ознаката кажува сé [фото-галерија]
Трендовите се такви – треба да биде електричен, да биде SUV, да е луксузен, а згора на тоа ако е Mercedes и ја има буквата „S“ во ознаката, тогаш сето тоа е подигнато барем за една скала повисоко.
Подобро од ова Mercedes не може, а ако не може тој, не може никој – EQS SUV е најголемиот и најдобар модел во нивната електрична гама
Под лимот е електропогон спакуван на три различни начини – со 355 KS и погон на задните или сите четири тркала и со 536 KS само во 4Matic изведба.
Батериите кои на полнач од 200 kW до 80% се полнат за 31 минута имаат капацитет доволен за поминување меѓу 507 и 660 километри.
Опремата е првокласна, габаритите раскошни, а цената некаде околу 120 илјади евра – колку точно, ќе дознаеме наесен кога ќе започне да се продава.