Во светот

Mercedes-Benz G350: Голем теренец, мал мотор, висока цена

Објавено на

Германскиот производител подготвува специјална изведба на G-класа само за кинескиот пазар.

Колку и да звучи контроверзно, сепак е вистина – со оглед на високите давачки за увозните возила, Mercedes ќе ја понуди G-класата во Кина со мал четирицилиндричен мотор.

Но иако само со два литра работна зафатнина, турбо компресорот од овој агрегат од М264 серијата истиснува солидни 299 KS.

Освен малку помалите тркала, моделот кој ќе има ознака G350 ќе има сé друго исто како и поскапите верзии, вклучувајќи го и деветстепениот менувач.

Цената не е објавена, а продажбата ќе стартува во септември. Цената на G500 во Кина изнесува преку 200.000 евра.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.