Во светот

Mercedes-Benz EQXX: 1022 километри со едно полнење

Објавено на

 

Со електричниот концепт EQXX, Mercedes-Benz го надмина сопствениот рекорд поминувајќи 1.022 km со едно полнење на батеријата притоа трошејќи само 8,3 kWh/100 km.

До 2030 година Mercedes-Benz планира да ја електрифицира целата своја гама.

Тоа е основниот лајт-мотив за забрзан развој на концептите што се движат само со помош на електромотори кои енергијата ја црпат од вградениот сет батерии.

Во насока на зголемување на ефикасноста на погонот и менаџирање со капацитетот на батериите, развојниот оддел еднаш веќе ја надмина психолошката бариера од илјада километри.

Возејќи пролетва од седиштето на компанијата во Штутгарт се до Медитеранското крајбрежје на Франција, за нијанса беше надмината границата од 1.000 km.

Тоа беше постигнато при реални температури кои не надминуваа 20 степени, а и регенерацијата на електрична енергија возејќи низбрдо низ Алпите одигра одредена улога во постигнувањето на рекордната автономија.

Со додатен развој на менаџирање со топлинските загуби конструкторите решија да се опробаат на нова дестинација и при високи, летни температури.

Целта беше пристигнување до легендарната патека во Силверстоун во чија близина се наоѓа и седиштето на F1 екипата на Mercedes-AMG.

Возејќи точно 14:30 часа со просечна брзина од 83 км/ч концептот EQXX кој тргна од фабричкиот двор во Штутгарт пристигна во Сливерстоун каде беше пречекан од возачот на фавричката екипа во Formula Е, Ник Де Врис.

Бидејќи сеуште батеријата не беше до крај исцрпена тој на патеката помина додатни 11 кругови по чије окончување на борд компјутерот беше испишана бројката 1,202 km.

Кога ќе се сведат рачуните испаѓа дека притоа просечно е трошено по 8,3 kWh за поминување на 100 километри. И тоа на долга релација и при реални патни услови.

Специфика на ова патување е работата на клима уредот кој бил вклучен над 8 часа. Токму тоа е најдобар показател за термичкиот менаџмент кој одиграл главна улога при постигнување на рекордно високата ефикасност.

Погонскиот електромотор, преку контролиран проток на воздух, е држен на константна работна температура што е основен предуслов за зголемување на ефикасноста. Се рабира дека и батериите го даваат својот максимум при определена температура, па затоа целиот сет го добива истиот тој температурен третман.

Од порано се знае дека Mercedes-Benz EQXX има рекордна аеродинамика (Cd=0,17) па и таа несебично го дава својот придонес во постигнувањето на минимални отпори.

Од останатите технички специфики треба да се знае дека концептот EQXX е опремен со сет батерии од 100 kWh, електроморот кој работи под напон од високите 900 волти, испорачува 180 kW (245 КС). Возилото со должина од 4.975 mm празно тежи 1.755 kg.

Според развојните инженери со поминувањето на оваа долга етапа се собрани драгоцени искуства и тоа од релани патни услови, кои ќе помогнат при натамошен развој на патната лабораторија наречена – EQXX. Тука развојот сигурно не запира, а што е следно?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.