Во светот
Mercedes-Benz A35 AMG: Седански влез во светот на AMG
Неодамна претставениот седан, изграден врз база на хечбек верзијата на А-класа добива и спортски, A35 AMG, член со 306 КС.
Додека пристигне топ спортистот А45 кој се очекува да ослободува над 400 коњи, лубителите на спортските седани ќе мора да се задоволат со влезниот А35 кој развива „само“ 306 КС.
Двелитарскиот турбо мотор преку 8-степенски AMG Speedshift менувач со двојна спојка, силината ја пренесува на двете оски.
Прелевањето на вртежниот момент се одвива автоматски – иницијално 50:50 со можност за целосно префрлување на силината само на предната или само на задната оска.
Забрзувањето на најмалиот седан на Mercedes-Benz од само 4.8 секунди јасно дава до знаење кој е кој во светот на спортските возила.
Покрај спортскиот карактер, седанот на MB оспособен е за испорака и на класични квалитети. Удобното сместување на патниците и на нивниот багаж (420 литри) воопшто не се жртва на перформансите.
Ентериерот на A35 AMG е во стилот на хечбек верзијата односно со два големи екрани чиј приказ може да модифицира во зависност од преференциите на возачот.
Бројните решенија како што се на пример петте различни модови на возење, потоа посебната заштита на просторот под моторот, Race Start функцијата, меморирањето на податоците за секој поминат круг на тркачка патека, како и сугестии за надминување на грешките, … можат да се најдат само кај сериско возило од производител која е светскиот шампион во Formula 1.