EV
Mercedes-Benz со три светски премиери во Париз
Главниот фокус на Mercedes-Benz на годинешниот саем за автомобили во Париз освен електричниот модел EQC, се уште и светските премиери на новиот GLE, B-Class и Mercedes-AMG A 35 4MATIC.
Mercedes-Benz GLE е најпродаваното SUV возило во историјата на Mercedes-Benz и неговата нова генерација доаѓа со бројни новитети кои резултираат со далеку подобри перформанси.
Така на пример, добиен е поголем внатрешен простор, целосно поинаков изглед на командната табла, подобрени системи за асистенција, постигната е најдобра аеродинамичност во својот сегмент, нови мотори и уште ред други иновации.
Новата Б-Класа изгледа многу подинамично во однос на својот претходник, а во исто време располага со поголема агилност и удобност. Што се однесува до моторите, тие се поефикасни и еколошки почисти.
MBUX мултимедискиот систем со сите свои опции кои ги нуди е вистински уникат, додека современите помошни системи ја прават новата Б-Класа, возило кое поседува највисоки стандарди за активна безбедност во својот сегмент.
Поседува четирицилиндричен мотор со зафатнина од 2 литри и моќност од 306 КС. Каросеријата, потпирањето, погонот на 4 тркала, преносот, програмите за возење и другите прилагодувања на возилото се направени од страна на инженерите на AMG, со што се овозможува максимална динамичност при возење без да се наруши секојдневната удобност.
Во AMG семејството има уште еден нов модел, а тоа е AMG GT 43 4MATIC, купе возило со 4 врати, кој поседува мотор со шест цилиндри кој развива моќност од 367 КС.
Што се однесува до моделот EQC, тоа е прво, целосно електрично, сериски произведено возило на Mercedes-Benz и ја симболизира новата ера на мобилност. EQC импресионира со своите атрибути кои се однесуваат на удобноста, квалитет и автомономијата на движење. Располага со моќност од 408 КС и досег од 450 km.