Mercedes-AMG и глобалната ѕвезда will.i.AMG претставија единствен автомобил кој магнетно но со многу прашања ги привлекува сите погледи.
Најмногу со маската налик на G-класата, но и со самата концепција која донесува нови идеи, ги поместува границите и се осмелува да го направи неможното.
Како уникатно ремек-дело, овој автомобил со експресивен дизајн и далекусежна порака е базиран на AMG GT Coupe со 4 врати кој е опсежно модификуван.
За жал, во соопштението на Mercedes се кажува доста за тоа кој е американскиот музичар, а за will.i.AMG како што е наречена оваа провокативна автомобилска креација, нема ниту збор.