Unite Gallery Error:

Gallery with alias: MercedesAMGGT4Door not found
Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe: Логична комбинација - Autoinfo.mk

Во светот

Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe: Логична комбинација

Објавено на

 

Женевскиот автомобилски салон е местото каде што Mercedes на светот премиерно му го прикажа долго очекуваното четиривратно купе.

Лубителите на екстремно брзите автомобили во кои ќе можат да угостат цело семејство, конечно си дојдоа на своето. Во Женева беше премиерно тргнат велот од спортското купе со четири врати, Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe.

Комабинацијата на купеовски облик во кое пристапот на задното седиште е олеснет со уште еден пар врати, веќе е докажана и успешно функционира.

А во овој случај логично е од производител кој во својата гама од една страна има големи лимузини а од друга супер спортисти, да се очекува во одреден момент да направи вкрстување и да добие импресивен продукт.

Првично од мноштвото нова технологија ќе ги соопштиме само основните податоци. Еден линиски турбо мотор од 3.0 и еден V8 од 4.0 литри (во две варијанти на силина) добија задолжение за обезбедување на врвни уживања.

Помалиот мотор ослободува само 435 КС и претставува влез во волшебниот спортски свет познат по ознаките на AMG. Поголемиот, четири литарски V8 битурбо мотор е добро познат во спортските кругови.

Со поставување во предниот дел на GT 4-Door Coupé снагата му е зголемена на 585 КС и вртежен момент од 800 Nm кои се доволни за спринт до првата стотка за 3.4 секунди и максимум на брзината од 315 км/ч.

Но тоа не е сé, би рекле маркетиншките експерти. Истиот мотор може да биде подесен на максимални 639 КС и цели 900 Nm. Службениот назив, Mercedes‑AMG GT 63 S 4MATIC+ одлично приличи за двотонско возило кое постигнува максимални 315 км/ч и забрзува за 3.2 секунди.

За да биде појасно на што сé внимавале конструкторите, доволно ќе биде да го погледнеме само податокот за потрошувачката кој говори за просечни 11.2 литри на 100 километри.

За визуелната експресија ќе ве упатиме на фотографиите подолу, а би сакале да кажеме по некој збор и за опремата, … но дали мислите дека е тоа потребно за возило кое ги носи ознаките на Mercedes-AMG?

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.